x

Официјално Xiaomi Mi Pad 4 Plus: Моќни спецификации, одлична цена

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 15 Август, 2018 од GSM.mk

Xiaomi го претстави буџетскиот Mi Pad 4 таблет во јуни, а компанијата сега ја најави и неговата Plus верзија со подобрени спецификации и, повторно, ниска цена..

Релативно моќен 10.1 инчен таблет со цена од 300 долари е секогаш добра идеја, која Xiaomi реши да ја присвои.

Mi Pad 4 Plus е поголемата и подобрената верзија на обичниот Mi Pad 4, но и со малку повисока цена. Најпрво, уредот доаѓа со 10.1 инчен дисплеј, резолуција од 1920 x 1200 пиксели и 16:10 сооднос. 

Во внатрешноста на таблетот се наоѓа Snapdragon 660 процесор, кој го има и во обичниот модел, придружен од 4GB RAM и 64GB меморија. 


Покрај поголемиот дисплеј, Mi Pad 4 Plus има и значително поголема батерија, со капацитет од 8620mAh. Од друга страна, камерите се исти - 13 мегапикселна главна и 5 мегапикселна селфи камера. 

Mi Pad 4 Plus доаѓа во две верзии - Wi-Fi и 4G LTE, како и избор меѓу 64 и 128GB меморија. Моделот со 64GB меморија чини 275 долари, додека оној со 128GB чини 305 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.