x

Официјално: Запознајте ги четирите нови iPhone 12 модели!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Октомври, 2020 од GSM.mk

iPhone 12 серијата конечно пристигна. Да ги запознаеме четирите нови модели:

За разлика од претходните години, Apple оваа година реши да најави четири, наместо три модели - iPhone 12 mini, iPhone 12, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max.

Почнувајќи го најмалиот, iPhone mini се смета за буџетскиот уред во серијата. Доаѓа со 5.4 инчен OLED панел со резолуција од 1080 x 2340 пиксели. Иако се смета за "буџетски" уред, има стаклена конструкција со алуминиумска рамка. Димензиите се од 131.5 x 64.2 x 7.4 mm и тежи 135 грама.

The new iPhone 12 Pro family - Apple officially unveils iPhone 12 Pro and Pro Max

На задниот дел на смартфонот се наоѓаат две камери кои се од 12 мегапиксели, исто како и селфи камерата која е од 12 мегапиксели. Работи на A14 процесор, со основна верзија од 64GB меморија. Достапни се и модели со 128GB и 256GB меморија. За разлика од другите модели во серијата, достапен е во поинтересни бои - црвена, црна, бела, зелена и сина боја. Неговата цена ќе биде од околу 780 евра.

Apple officially unveils iPhone 12 Pro and Pro Max


Потоа, го имаме стандардниот iPhone 12. Овој уред има 6.1 инчен OLED екран со резолуција од 1170 x 2532 пиксели. Системот камери е ист како оној на iPhone 12 mini. Достапен е и во иститие бои - црна, бела, сина, црвена и зелена. Цената ќе биде околу 880 евра.

Следуваат Pro моделите во серијата - iPhone 12 Pro и 12 Pro Max

  • 146.7 x 71.6 x 7.4 vs 160.8 x 78.1 x 7.4mm
  • 6.1 инчен OLED vs 6.7 инчен OLED дисплеј
  • Сите четири работат на A14 
  • Четири задни камери со LiDar скенер
  • 5G поддршка
Според Apple, процесорот е со 40% подобри перформанси од претходниот A13.

Apple officially unveils iPhone 12 Pro and Pro Max

Pro моделите имаат четири камери. Сите четири сензори се од 12 мегапиксели, исто како и селфи камерата која е од 12 мегапиксели. Станува збор за главна, ултраширокоаголна, камера за портрети и LiDAR скенер.

Pricing on the iPhone 12 Pro series hasn't changed from last year - Apple officially unveils iPhone 12 Pro and Pro Max

Овие модели се достапни во црна, бела, сребрена и нова, сина нијанса. Цената на iPhone 12 Pro ќе биде околу 1120 евра, а Pro Max моделот ќе чини 1220 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.