x

Официјално: Запознајте ги Moto E5 Plus, E5 и E5 Play

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Април, 2018 од GSM.mk

Moto E5 Plus, E5 и E5 Play се новите членови на Moto E серијата. Од трите, Moto E5 Plus е најмоќен, додека E5 Play е најевтин.

Во дизајнот, Moto E5 Play наликува на традиционален Moto телефон. Доаѓа со 5.2 инчен дисплеј, 16:9 сооднос и резолуција од 720 x 1280 пиксели. Вклучува пластичен дизајн, а присутноста на скенерот за отпечатоци зависи од пазарот на кој се продава. Бидејќи е најевтин од трите, работи на Snapdragon 425, 2GB RAM и 16GB меморија. Батеријата е од 2800mAh. Задната камера е од 8, а предната од 5 мегапиксели. 

Moto E5 Play


Moto E5 Plus има модерен 18:9 сооднос, што значи дека добиваме повисок дисплеј, со резолуција од 720 x 1440 пиксели. Под хаубата се наоѓа Snapdragon 435, 32GB меморија и 3GB RAM, што значи дека е малку помоќен од останатите. Доаѓа со голема батерија, од 5000mAh. Има 12 мегапикселна задна и 8 мегапикселна предна камера. 

Moto E5 Plus


Moto E5 истотака вклучува 18:9 сооднос, но во малку помал дисплеј, од 5.7 инчи. Доаѓа со Snapdragon 425 и 16GB меморија. Главната камера е од 8 мегапиксели. 

Нормално, Moto E5 Plus е најскап од трите, со цена од 170 евра, потоа, го имаме E5 со цена од 150 евра, додека цената на E5 Play ќе биде меѓу 99 и 140 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.