x

Официјално: Запознајте ги Xiaomi Redmi 6 Pro и Mi Pad 4

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Јуни, 2018 од GSM.mk

Запознајте ги новите буџетски уреди на Xiaomi - смартфонот Redmi 6 Pro и Mi Pad 4 таблетот:

Redmi 6 Pro спецификации

Xiaomi ја претстави шестата генерација смартфони во Redmi линијата, која доаѓа со модерниот и добропознат дизајн на дисплејот како iPhone X. Благодарение на дизајнот, добиваме FHD+ 5.8 инчен дисплеј во метално тело со скенер за отпечатоци од задната страна. Во внатрешноста, се наоѓа Snapdragon 625 и 4GB RAM / 64 GB меморија. Кога ќе ја додадеме стандардната батерија од 4000 mAh и новиот дуален систем камери од 12MP+5MP, уредот дефинитивно нуди голема вредност во однос на неговата цена од 200 долари.

Фотографии направени со уредот:

 

Mi Pad 4 спецификации

Друг уред кој претстави Xiaomi е таблет во Android линијата - Mi Pad 4. Станува збор за таблет со 8 инчен дисплеј и резолуција од 1,920 x 1,200 пиксели. Работи на Snapdragon 660, 4GB RAM, 64GB меморија и батерија од 6000 mAh. Доаѓа со селфи камера од 5 и главна камера од 13 мегапиксели. 

Wallet-friendly Xiaomi Redmi 6 Pro and Mi Pad 4 are official


Цена и достапност
Продажбата на двата уреди веќе започна во Кина. Цената на таблетот е 170 долари, додека, како што рековме, смартфонот чини 200 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.