x

Официјално: Запознајте го Honor 10 со одлични спецификации и одлична цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Април, 2018 од GSM.mk

Honor 10, еден од уредите кои Android фановите го чекаа со нетрпение, конечно пристигна, и судејќи според спецификациите, нема да ве разочара..

Една од најважните работи е цената на Honor 10, која е пониска од 500 долари иако нуди моќни спецификации. Смартфонот беше најавен во Кина, а неговата продажба ќе започне на 27 април по цена од 415 долари (6GBRAM/64GB меморија) и 480 долари (6GB RAM/128GB меморија). Доаѓа во 4 бои: црна, сива, сина и виолетова. 


Според Honor, глобалното претставување на уредот ќе се одржи на 15 мај, по малку поразлична цена. Работи на Android 8.1 Oreo и моќен Kirin 970 процесор, кој се наоѓа и во Huawei P20 и P20 Pro. На задната страна се наоѓаат камери од 16 и 24 мегапиксели, додека предната камера е од 24 мегапиксели. 

Скенерот за отпечатоци е сместен под Home копчето. Дисплејот е 5.8 инчен, со full HD+ резолуција од 1080 x 2280 пиксели и 19:9 сооднос. Вклучува стаклен дизајн, сличен како оној на iPhone X. Батеријата е од 3,400 mAh и доаѓа со брзо полнење. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.