x

Олеснето пребарување: YouTube додаде хаштагови над насловите на видеата

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Јули, 2018 од GSM.mk

Со новиот update, Google го олесни пребарувањето на популарни видеа на YouTube..

Доколку имате Android уред, или го користите YouTube преку компјутер, ќе забележите дека отсега над насловите на видеата се наоѓаат хаштагови. Нивната цел е да го олеснат пребарувачкиот алгоритам на YouTube, и да ви помогнат поедноставно да наоѓате видеа слични на оние кои ги гледате.

Доколку сакате да додадете хаштаг на вашето видео за да биде полесно за наоѓање, се што треба е да го вметнете или во неговиот наслов или во описот. Од друга страна, ако сами не вметнете никаков хаштаг, YouTube своеволно и автоматски ќе ги одреди првите три хаштагови од описот. 

Во случај да сте едноставен YouTube корисник, кој сака да дознае повеќе информации за одредена тема, се што требате е да кликнете на некој хаштаг и ќе се отвори страна со слични видеа. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.