x

OnePlus 7: Официјални спецификации и цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Март, 2019 од GSM.mk

Новонајавен уред од OnePlus секогаш звучи возбудливо. Сите со нетрпение чекаме да видиме каква нова технологија ќе претстави компанијата, заедно со уникатен дизајн, но ниска цена..

На пример, OnePlus 6T има скенер за отпечатоци под дисплејот, одличен дизајн и моќни спецификации - се по цена од само 550 долари. Сега се појавија спецификациите, заедно со цената, и на неговиот следбеник, OnePlus 7:



OnePlus 7 pops up on e-tail website, reveals specs and price

Судејќи според внатрешните спецификации, дефинитивно станува збор за премиум смартфон. Уредот ќе доаѓа со Qualcomm Snapdragon 855, 8GB RAM и 128GB меморија. Доколку тоа не е доволно, ќе постои уште една верзија со 12GB RAM, како и 256GB меморија. Батеријата ќе биде од 4,000 mAh.

На задната страна ќе се наоѓаат три камери - главниот сензор ќе биде со 48 мегапиксели, втората камера со 20 мегапиксели и третиот сензор од 5 мегапиксели. Во однос на селфи камерата, станува збор за голем панел, кој нема да доаѓа со notch, туку сензор на лизгање. Инаку дисплејот ќе биде 6.5 инчен и заштитен со Gorilla Glass Screen 6. Селфи камерата ќе биде од 16 мегапиксели.

Слично како и претходните модели на компанијата, и покрај моќните спецификации и премиум дизајнот, цената на OnePlus 7 ќе биде само 570 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.