x

OnePlus 7 пристигнува оваа недела?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Април, 2019 од GSM.mk

Деновиве се појавија неколку фотографии и карактеристики за OnePlus 7, како и информации за неговата достапност...

Гледајќи ги фотографиите, OnePlus 7 е речиси идентичен со OnePlus 6T. Имено, уредот има 6.2 инчен дисплеј со димензии од 157.7 x 74.8 x 8.1mm. Како за споредба, OnePlus 6T доаѓа со поголем, 6.4 инчен дисплеј и целосни димензии од 157.5 x 74.8 x 8.2 mm. 

OnePlus 7

OnePlus 7 vs. OnePlus 6T
OnePlus 6T

OnePlus 7 vs. OnePlus 6T

Преминувајќи на задната страна, смартфоните имаат уште повеќе сличности. Повторно станува збор за стаклена конструкција со OnePlus логото во средина и вертикален систем од две камери. Најверојатно, главниот сензор ќе биде од 48 мегапиксели.


Официјално, OnePlus 7 ќе биде достапен од 14 мај, заедно со помоќниот OnePlus 7 Pro кој ќе поддржува 5G технологија. Од друга страна, нивното претставување најверојатно ќе биде до крајот на оваа недела. Почетната цена ќе биде 579 долари, малку повисока од онаа на OnePlus 6T.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.