x

OnePlus го претстави новиот смартфон Nord

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 28 Јули, 2020 од GSM.mk

OnePlus конечно и официјално го претстави новиот смартфон Nord кој за почетна цена од 399 евра нуди OLED екран со фреквенција на освежување од 90 Hz, 5G мрежа, 8 GB RAM и двојна селфи камера.

OnePlus го претстави својот нов паметен телефон со пристапна цена кој е наследник на OnePlus X моделот од 2015 година.

Nord ќе се продава со почетна цена од 399 евра.

Во новиот смартфон е сместена батерија од 4115 mAh, Snapdragon 765 5G процесор, 8/12 GB RAM, 128/256 GB интерна меморија.

Што се однесува до достапните бои и цени, OnePlus Nord со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија со Onyx Grey и Marble Blue боја ќе чини 399 евра, а верзијата со 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија треба да издвоите 499 евра.

Целта на оваа компанија е да направат поевтини мобилни телефони кои ќе бидат достапни за поголем број на купувачи ширум светот.

„Ние сме горди на нашите производи и ќе продолжиме да произведуваме уште подобри модели за нашите корисници. Возбудени сме што новата серија на OnePlus смартфоните ќе биде достапна до голем број корисници ширум светот“, изјави директорот на компанијата Пит Лау.

Погледнете ја рецензијата на The Verge за новиот смартфон:


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.