x

OnePlus и Apple имаа неверојатен успех во Индија во минатиот период!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Април, 2021 од GSM.mk

Индискиот маркет за смартфони станува се поважен за глобалните брендови..

Xiaomi беше предводникот во Индија во последниот квартал!

Во првиот квартал од 2021 година, компанијата продаде 38 милиони уреди во Индија, 23% повеќе од истиот период, минатата година. Ова е нов рекорд за прв квартал, било која година и е благодарение на новите и евтини производи кои ги претстави компанијата.

Xiaomi повторно се најде на врвот на пазарот со удел од 26% и раст од 4% од година во година. Најпродаваниот смартфон беше Redmi 9A. Интересот за Redmi Note 10 беше истотака голем.

OnePlus and Apple experienced explosive growth in India last quarter

Samsung се најде на второ место со удел од 20% на пазарот. Продажбата на компанијата доживеа успех од 52% на Galaxy уредите, најмногу поради големиот број буџетски уреди кои ги претстави. Се разбира, и Galaxy S21 серијата беше еднакво успешна.

Брендови како Vivo, Realme и Oppo го зголемуваат своето присуство во Европа, а во Америка сеуште не се доволно продавани. Но, во Индија овие брендови ја финализираат листата на топ 5 смартфон брендови кои беа најпродавани. Прво, го имаме Vivo со удел од 16%, потоа Realme со 14%. За жал, и двата имаа пад во уделот во однос на претходната година.

OnePlus and Apple experienced explosive growth in India last quarter

Од друга страна, Oppo имаше удел од 11% со Reno 5 Pro 5G. Ова е одличен успех, бидејќи уделот на компанијата беше само 3% минатата година.

Вистинските победници во Индија минатиот период дефинитвно беа Apple и OnePlus. Apple продаде повеќе од милион уред во кварталот и ја задржа својата улога како најуспешниот премиум бренд во Индија со удел од 50%. Побарувачката за iPhone 11 Pro и iPhone SE беше најголема. Ова предзвика бизнисот на компанијата да порасне во регионот за неверојатни 207% во однос на минатата година.

OnePlus and Apple experienced explosive growth in India last quarter

Од друга страна, OnePlus беше предводникот кај 5G уредите. Најпродаван од нив беше OnePlus Nord 5G, но и OnePlus 8T беше популарен. Смартфонот на компанијата порасна за 300%. Овој раст се очекува да продолжи и понатаму. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.