x

OnePlus подготвува уште еден 5G уред до крајот на годината!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Август, 2019 од GSM.mk

Покрај веќепретставениот 5G уред, OnePlus планира да претстави уште еден ваков смартфон до крајот на годината со неколку промени и новитети..

За разлика од OnePlus 7 Pro 5G кој е достапен само на одредени маркети, вториот ваков уред ќе биде претставен на глобално ниво. Неговото име најверојатно ќе биде OnePlus 7T Pro.

Слично како OnePlus 7, овој модел ќе има селфи камера на лизгање која автоматски исчезнува кога уредот ќе почуствува опасност од удар или паѓање. Благодарение на ваквиот систем камери, OnePlus може да произведе висок тело-дисплеј сооднос. Истотака, новиот уред ќе доаѓа со Snapdragon 855+ во внатрешноста, кој е нов и подобрен процесор од Snapdragon 855 кој се наоѓа во OnePlus 7. Следната генерација од процесорот, Snapdragon 865, најверојатно ќе ја видиме во моделите од 2020 година. 

Во однос на 5G, оваа технологија овозможува 10 пати поголема брзина од 4G и им дозволува на корисниците да симнуваат филмови и видеа за неколку секунди, наместо неколку минути. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.