x

OnePlus претстави два нови евтини смартфони

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 27 Октомври, 2020 од GSM.mk

Смартфонот OnePlus Nord дебитираше ова лето, но е достапен само во Индија и некои држави во Европа, а сега се претставени два нови модели кои ќе бидат достапни во целиот свет.

OnePlus официјално ги претстави Nord N10 5G и N100, уреди за кои од компанијата велат дека се нов чекор во понуда на евтини смартфони на пазарот.

Додадоа дека луѓето ќе можат да купат поевтин, но квалитетен смартфон.

Nord N10 5G чини 430 долари, а го доби новиот процесор Qualcomm Snapdragon 690, има 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија, 6,49-инчен FHD екран со фреквенција на освежување од 90 Hz.

Има 4 камери, главна од 64, ултраширока, макро и монохромна. Уредот го напојува батерија од 4.300 mAh. Го користи оперативниот систем Android 11.

OnePlus N100 чини 234 долари и доаѓа со 6,52-инчен HD+ екран и батерија од 5.000 mAh.

Има главна камера од 13, макро и селфи камера. Уредот користи Snapdragon 460 процесор, 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија. Може да додадете и microSD картичка.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.