x

Опцијата Facebook Live од денеска достапна за сите

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Април, 2016 од GSM.mk

Марк Закерберг денеска објави дека опцијата Facebook Live ќе им биде достапна на сите корисници. Видеото станува сè позначаен дел од Facebook, така што во иднина ќе гледаме многу повеќе видеа во живо.

Од социјалната мрежа најавија дека Facebook Live ќе добие многу нови можности за што поголем број од 1,6 милијарди корисници да можат да снимаат и пренесуваат видео во живо.

Корисниците сега ќе можат во живо да емитуваат видео  на Facebook од различни настани, со активирање на различни филтери, реакции и коментари.

Корисниците од 60 земји ќе можат да пренесуваат видео во живо, а на мобилната апликација ќе има посебен дел од кој ќе може да се види што се пренесува во живо. 

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.