x

Oppo патентираше нов дизајн со висок тело-дисплеј сооднос!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Април, 2019 од GSM.mk

Oppo Find X беше првиот уред на компанијата кој доаѓаше со дизајн на лизгање за селфи камерата. Сега, Oppo подготвува уште еден ваков уред со уште поуникатен дизајн:

Системот на лизгање кај Oppo Find X ги криеше двете задни и селфи камерата се додека не му бидат потребни на корисникот. Сега, новиот уред на компанијата ќе биде наменет само за предните сензори, додека задните камери ќе се наоѓаат на самиот уред.

Станува збор за Oppo Reno, кој ќе биде претставен на 10 април. Со цел да има висок тело-дисплеј сооднос, а да не содржи notch, овој уред ќе доаѓа со т.н "wedge" кој механички се појавува од горниот дел на смартфонот.


Од фотографиите кои се појавија, се забележува високиот дисплеј, новиот дизајн, но и дека уредот ќе доаѓа со скенер за отпечатоци вметнат под дисплејот.

Патентот беше документиран во јануари, а официјално потпишан овој месец. Неговиот рок на траење е до 30 јануари, 2024 година.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.