x

Oppo R19: Скенер за отпечатоци и селфи камера под дисплејот?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Октомври, 2018 од GSM.mk

Деновиве се појавија првите официјални фотографии од изгледот на Oppo R19 на Weibo. Да погледнеме што не очекува:

Како и речиси сите популарни смартфони на пазарот во моментот, Oppo R19 доаѓа со минимални рамки и голем дисплеј под кој ќе се наоѓа скенерот за отпечатоци. Интересно е што покрај скенерот, и селфи камерата ќе биде сместена под панелот. 

Задната страна ќе биде во две нијанси, а со својот вертикално поставен систем камери, речиси е идентичен со Oppo R17. Бидејќи OnePlus често го "позајмува" дизајнот на Oppo за своите уреди (дизајнот на Oppo R17 и R17 Pro беше позајмен за OnePlus 6T), овие фотографии ни даваат добра идеја за потенцијалниот дизајн на OnePlus 7. 

Фотографиите од Oppo R19 беа постирани на Weibo, а смартфонот го очекуваме во март, 2019 година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.