x

Ослободете се од апликациите кои ја трошат батеријата на вашиот iPhone

Категорија: Совети Објавено на 02 Февруари, 2019 од GSM.mk

Премногу брзото трошење на батеријата на iPhone уредите може да биде директно поврзана со апликациите кои се инсталирани на телефонот. Некои од нив трошат помалку батерија, а некои повеќе..

Уредите на Apple од новата генерација имаат вградена алатка со помош на која лесно може да се открие која апликација троши повеќе или помалку од батеријата.

Како да пристапите до оваа алатка? Многу едноставно.

Отидете во менито Settings и одберете ја опцијата Battery, а потоа почекајте го аплоудот. Потоа притиснете на опцијата Last 10 Days и тогаш на екранот ќе се појави потрошувачката на батерија во последните 10 дена, односно телефонот ќе ви ги покаже апликациите кои трошеле најмногу од неговата батерија.

Лесно е да идентификувате која од апликациите троши најмногу. На пример, доколку покрај апликацијата пишува 20%, тоа значи дека таа ви потрошила една петтина од батеријата во последната недела и пол.

Постои опција со која можете да наместите да ви се прикажуваат апликациите според нивната активност. Така, доколку на некоја апликација сте потрошиле малку време, а таа ви одземала поголем процент од батеријата, обвинете ја неа поради фактот дека сте постојано во потрага по полнач.

Решението за штедење на батеријата е да ги избришете апликациите или пак да внимавате кои од нив постојано работат во позадина. Секако, секогаш можете да се префрлите на Low Power Mode, што во одредена мера ќе ја намали активноста на вашиот телефон во позадина.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.