x

Осумгодишниот Рајан преку YouTube заработува 22 милиони долари за една година

Категорија: Занимливости Објавено на 13 Јуни, 2019 од GSM.mk

Осумгодишниот Рајан, кој на неговиот YouTube канал зборува за детски играчки, за само една година заработи 22 милиони долари и стана најголема ѕвезда на оваа видео платформа, барем кога е во прашање заработката.

Магазинот Forbes процени дека малиот Рајан од каналот Ryan ToysReview заработи 500.000 долари повеќе од Џејк Пол во периодот од изминатите 12 месеци и со тоа стана јутубер со најголема заработка за 2018 година.

Тој често објавува видеа на неговиот канал, скоро секој ден. За само еден ден неговите видеа собираат по еден милион (а понекогаш и повеќе) прегледи, а самите видеа се полни со реклами таргетирани кон деца, кои му носат на Рајан огромен приход. На второто место на јутубери со најголема заработка се наоѓа контроверзниот Џејк Пол, додека на третото место се наоѓаат момците од каналот DudePerfect.

Она што е најдобро за малиот Рајан е тоа што неговата заработка не е подложна на даноци или пак исплати за адвокати, што значи дека секој долар од оваа сума оди директно во неговиот џеб, или во случајов, во џебот на неговите родители. Неговата заработка двојно се зголеми во однос на минатата година.

Каналот го креираа неговите родители во 2015 година, а досега тој собра 16,3 следачи и преку 26 милијарди прегледи. Forbes наведува дека само еден милион од неговата заработка досега не доаѓа од рекламите кои се прикажуваат во текот на видеото.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.