x

Откриен првиот вирус кој ги напаѓа новите компјутери на Apple

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Февруари, 2021 од GSM.mk

Компјутерите на Apple важеа за најбезбедни бидејќи се веруваше дека не постои вирус кој може да го нападне нивниот оперативен систем. Дека тоа е минато, знаеме веќе одамна, па и корисниците на Mac сфатија дека антивирус програмите не им помагаат.

Откриен е првиот вирус кој ги напаѓа лаптопите со процесор Apple M1.

Иако од Apple посветија многу вниманиe на безбедноста на новиот процесор, хакерите беа поупорни.

Апликацијата GoSearch22 е добропозната на стручњаците за кибер безбедност бидејќи во себе содржи Pirrit adware кој прикажува различни огласи и собира податоци од интернет пребарувачи. Ова е прв пат овој вирус во потполност да е прилагоден за процесорот М1.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.