x

Откриена уште една апликација со вирус во Google Play Store

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 07 Март, 2022 од GSM.mk

Злонамерниот софтвер Shark Bot го најде патот до продавницата на Google Play во апликација која наводно е антивирусен „чистач“.

Злонамерниот софтвер успеа да го пробие автоматскиот заштитен ѕид на Google и да го најде својот пат до Play Store, и сè уште е таму, и покрај тоа што беше пронајден и пријавен од многу портали.

Апликацијата не е популарна на Google Play Store, но лесно може да се најде на првата страница кога ќе се напише антивирус.

Се вика Antivirus, Super Cleaner и кој ќе ја преземе и инсталира апликацијата може да се збогува со својот оперативен систем.

NCC Group го пронајде малициозниот софтвер и објави детална анализа за него, а Google сè уште не одговорил.

Злонамерниот софтвер Shark Bot може да наштети на различни начини, па дури и да ги украде сите кориснички податоци.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.