x

Откриени детали за новиот смартфон OnePlus 11

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Ноември, 2022 од GSM.mk

Во пресрет на официјалното претставување на смартфонот OnePlus 11, клучните спецификации на овој уред беа откриени преку кинеската социјална мрежа Weibo.

OnePlus 11 ќе се напојува со новиот процесор на Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2, а уредот ќе биде фокусиран на дизајнот и перформансите. Селфи камерата ќе биде сместена во отвор на левата страна на екранот, а тој екран се очекува да има закривени рабови и да поддржува 2K резолуција. Се верува дека смартфонот ќе има метална централна рамка и керамичко куќиште, а споменатиот процесор ќе биде поврзан со до 16 GB RAM и најновата 4.0 UFS меморија.

Типстерот Yogesh Brar тврди дека смартфонот ќе користи OxygenOS 13 базиран на Android 13. Што се однесува до дисплејот, ќе биде 6,7-инчен 2K (1440p) OLED панел со стапка на освежување од 120Hz. Тој наведува дека OnePlus 11 ќе биде достапен со 8 и 12 GB RAM, односно 128 и 256 GB внатрешна меморија.


Се очекува OnePlus 11 да има три задни камери со технологија Hasselblad, главен сензор IMX890 од 50 MP, ултра широка камера од 48 MP и телефото камера од 32 MP. На предната страна ќе има и селфи камера од 32 MP.

Уредот ќе се напојува од батерија од 5.000 mAh која поддржува жично полнење од 100 W и безжично полнење од 50 W.

OnePlus 11 ќе биде претставен до крајот на годината, а во првите месеци би требало да се продава само во Кина.





Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.