x

Отсега Instagram ќе ви дозволува да ги тргнете досадните профили од почетната страна

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 24 Мај, 2018 од GSM.mk

Да речеме дека следите профили на Instagram кои се досадни. Што е до вас, нивните постови ја загадуваат вашата страна, но сепак сакате од време на време да го посетувате нивниот профил. Сеа Instagram има решение за вас:

Доколку имате ваков проблем, а сепак нејќете да ги одследите ваквите страни, бидејќи од време на време го посетувате нивниот профил, Instagram ви нуди ново решение: Mute. Оваа нова функција доаѓа наскоро. 

Добрата страна е што доколку ја користите оваа функција, корисникот нема да биде известен за тоа. За да ја активирате, кликнете на "..." во аголот од постот за да го отворите менито. Во него, може да одберете дали сакате да ги исклучите само нивните постови или и Story фотографиите. Потоа, доколку се решите дека сакате да им дадете уште една шанса, може да одите на нивниот профил и да ги активирате постовите повторно. 

Very soon you will be able to mute Instagram accounts you don't want on your feed, but don't want to delete from the accounts you follow


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.