x

Отсега Instagram ќе ви покажува кога пријателите се онлајн!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Јули, 2018 од GSM.mk

Instagram најави нова опција која веројатно ќе им се допадне на голем дел од корисниците..

Станува збор за опција која функционира слично како Facebook Messenger. Пријатели кои ги следите, и претходно сте зборувалте во Direct, ќе може да знаете кога се онлајн, благодарение на зелена точка која ќе се наоѓа до нивната фотографија. Доколку не сакате да ја користите оваа функција, имате можност да ја исклучите преку Activity Status во Settings.

Со новиот update, Instagram се надева дека ќе ја зголеми интеракцијата меѓу корисниците, додека споделуваат постови во кои заедно уживаат. Истотака, сакаат да го зголемат користењето на Direct пораките. 

Дали сметате дека времето кое го поминувате зборувајќи преку Direct пораките, ќе се зголеми благодарение на новиот update?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.