x

Отсега ќе може да бришете пратени пораки на Facebook Messenger!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Октомври, 2018 од GSM.mk

Facebook веќе подлго време ветува дека ќе им овозможи на корисниците да бришат пораки кои веќе ги пратиле на Messenger. Изгледа дека компанијата конечно ќе ги исполни своите ветувања..

На многумина од нас ни се случило да испратиме порака на Messenger и веднаш потоа да посакаме да ја избришеме - без разлика дали станува збор за грешка или, едноставно, сме го промениле мислењето. Досега, ваквиот проблем немаше решение. За среќа на Messenger корисниците, Facebook наскоро ќе додаде опција која ќе им овозможи буквално да си ги вратат зборовите. Веќе се појавија неколку фотографии кои ги покажуваат плановите на Facebook во однос на функцијата.

Facebook Messenger soon to add option to Unsend messages

Имено, за да ја вклучите функцијата, се што треба е да држите подолго на пораката. Потоа, ќе ви се појават две опции - да ја избришете или да ја отстраните. Доколку ја избришете пораката, целосно ќе исчезне од разговорот. Од друга страна, доколку ја отстраните, пораката ќе исчезне само кај личноста на која сте и ја пратиле.


Единствената "негативна страна" е што пораките ќе може да ги бришете само одредено време откако ќе ги испратите. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.