x

Отсега може да додавате GIF стикери на вашето Instagram Story!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 25 Јануари, 2018 од GSM.mk

Instagram постојано воведува мали и интересни промени на својата апликација. Отсега, може да додавате GIF стикери на вашето Story..

Instagram воведе GIF стикери кои лесно може да се најдат во GIPHY и да се ставаат на Story. За да додадете GIF стикер, се што треба е да кликнете на "add sticker" копчето. Таму ќе најдете голем број забавни стикери кои ќе може да ги додадете на вашиот пост.



За неколку недели, Instagram ќе ви дозволува да постирате видеа и фотографии од било која големина. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.