x

Oukitel K12: Голема батерија и уникатен дизајн!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Јуни, 2019 од GSM.mk

Oukitel K серијата отсекогаш била позната поради две причини - голема батерија и интересен дизајн. Со такви карактеристики доаѓа и новиот уред во линијата:

Oukitel K12 доаѓа со уште подобри спецификации, вклучувајќи батерија од неверојатни 10,000 mAh, која би требало да издржи до четири дена без полнење. Во моментот, достапен е на претпродажба, по цена од 239 долари пред на 24 јуни официјално да биде достапен. 

Ѕвездата се разбира, е големата батерија која ветува голема издржливост. Истовремено, доаѓа и со брзо полнење кое може да ја врати на 100% за само 2 часа и 20 минути.

Oukitel K12: the big battery, back in style

Од останати спецификации, доаѓа со метална конструкција, моќен дизајн и голем, 6.3 инчен панел со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и 19.5:9 сооднос. Има и "waterdrop notch" за селфи камерата, како и минимални рамки.

Во внатрешноста се наоѓа MediaTek Helio P35, заедно со 64GB меморија и 6GB RAM

Oukitel K12: the big battery, back in style

Главната камера е од 16 мегапиксели, придружена од втора камера од 2 мегапиксели. На предната страна има камера од 8 мегапиксели која е широкоаголна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.