x

Ова беше телефонот на иднината пред 21 година!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Мај, 2019 од GSM.mk

Беше 1998 година: Период кога видео игрите и машките бендови доминираа во поп-културата. Немаше Facebook, YouTube, Instagram, но сепак постоеше еден напред телефон, благодарение на Nokia..

Тешко е да се поверува дека во 1998 година постоеше Nokia 9110i Communicator - најнапредниот телефон кој можеше да се купи во тоа време. Стануваше збор за еден вид компјутер кој буквално можеше да се стави во џеб. Во споредба со просечниот телефон од 90-тите, изгледаше како нешто излезено од James Bond филм.

A Nokia 9110i Communicator next to an iPhone XS Max

Пред 21 година, овој телефон беше како мит. Сите имаа слушнато за него, но ретко кој го имаше. Ваквата репутација ја добие благодарение на големиот дисплеј, QWERTY тастатурата и можноста да се поврзе на интернет. Исто како и модерните премиум уреди, Nokia 9110i Communicator доаѓаше со висока цена. Првиот од нив беше претставен по неверојатна цена од 2590 долари.

The 5 extra apps pre-installed on the Communicator

Интересно е што и денес неговата цена е прилично висока. За функционален уред со полнач и издржлива батерија, неговата цена е 100 долари. И покрај 21 година, овој телефон работи одлично и сите копчиња се функционални.

The mobile web in 1998 consisted mostly out of text

Иако изгледа одлично, како и секоја технолошка иновација, во денешно време функциите на овој телефон се лимитирани. Се разбира, во 98-тата овој уред изгледал кул и футуристички - како 2020 Tesla Roadster паркирана до 1992 Ford Taurus. Без сомнение, Nokia 9110i Communicator покажува дека Nokia како компанија дури и во далечната 1998 година експериментирала и презамала ризици. Токму затоа, голем период беше на врвот во светот на смартфоните.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.