x

Ова е најевтиниот паметен часовник!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 22 Ноември, 2015 од GSM.mk

Компанијата Bluboo полека, но сигурно се пробива надвор од Кина, пред се со телефони кои нудат спецификации идентични на модели поскапи два до три пати од нив. Минатата недела, ги добивме и првите паметни часовници од овој бренд...

Компанијата презентираше два нови модели - Bluboo XWatch и Bluboo UWatch. Поефтиниот модел, UWatch (сликата подолу) ќе чини само 49 долари, со што во моментот е најевтиниот паметен часовник со Android Wear. Уредот има коцкаст дизајн, со едно физичко копче од страната.

Интересно е што изработката на куќиштето е од метал, што е неочекувано за модел со оваа цена. Вториот модел, XWatch, има кружен дизајн и три копчиња од страната. Цената на овој модел би требало да се движи околу 150 долари, а ќе понуди и скенер на пулс од задната страна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.