x

Ова е новиот таблет Nokia T20

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 06 Октомври, 2021 од GSM.mk

HMD Global го претстави новиот таблет Nokia T20.

Новиот таблет го пренесува квалитетот на телефоните на Nokia на голем екран со многу функции и батерија која трае долго.

Има многу иновативни и пристапни функции.

„Горди сме што секогаш ги слушаме и ги исполнуваме желбите на купувачите. Во текот на минатата година забележавме пораст на употребата на таблети поради пандемијата, па затоа направивме таблет кој ќе одговара на потребите на луѓето. Таблетот е дизајниран за работа, учење и игри, а го има истиот квалитет што луѓето го очекуваат од нашите смартфони“, изјави Флоријан Сеше, директорот на HDM Global.

Доаѓа со батерија од 8.200 mAh која овозможува 15 часа скролање на социјалните мрежи, 7 часа конференциски повици или 10 часа гледање на најновите филмови.

Исто така поддржува и брзо полнење.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.