x

Ова е првото видео снимено со моќните камери на Huawei P30 Pro!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 24 Март, 2019 од GSM.mk

Иако нема начин на кој со сигурност можеме да откриеме со кој уред е снимено, видеото само по себе покажува дека станува збор за смартфон со моќни камери, укажувајќи на Huawei P30 Pro...

Бидејќи веќе се запознавме со спецификациите на P30 Pro, знаеме дека во однос на камерите не очекуваат неколку моќни и уникатни карактеристики. Уредот ќе доаѓа со четири камери од задната страна. Главниот сензор ќе биде со 40 мегапиксели и ќе користи нов RYYB (црвено-жолто-жолто-син) Bayer филтер за подобар квалитет при ниска светлина. Овој сензор ќе биде придружен од 8 мегапикселна телефото камера со 5x зум, како и дополнителни две камери од 20 и 16 мегапиксели. Целиот тој систем е финализиран со селфи камера од импресивни 32 мегапиксели. Еве како изгледаат во акција:


Во однос на другите спецификации, P30 Pro нуди 6.5 инчен OLED панел со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и скенер за отпечатоци под него. Во внатрешноста се наоѓа Kirin 980, заедно со 8GB RAM и 512GB меморија. Работи на батерија од 4,200 mAh со брзо и безжично полнење.

Како што може да очекувате од спецификациите, станува збор за премиум смартфон со висока цена - најверојатно над 1,000 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.