x

Ова е смартфонот кој постигна помоќни бенчмаркинг резултати од iPhone XS, а пристигнува наскоро!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Јануари, 2019 од GSM.mk

Во првиот период од 2019 година, очекуваме неколку нови смартфони, кои доаѓаат со премиум дизајн и моќни перформанси. Еден од нив, на новите бенчмаркинг резултати се покажа подобро и од iPhone XS..

Станува збор за Lenovo Z5 Pro GT, кој заедно со Snapdragon 855 во внатрешноста постигна одлични резултати на AnTuTu. Станува збор за првиот уред кој ќе доаѓа со новиот процесор на Snapdragon.

Move over, iPhone XS, as a new mobile benchmarking champion is (almost) here

Благодарение на процесорот, се разбира во комбинација со останатите карактеристики, Z5 PRO постигна резултат помеѓу 300,000 и 307,000 поени, додека iPhone XS вообичаено има резултат од околу 356,000. Заедно со процесорот, во внатрешноста се наоѓаат и 8GB RAM. 

Според овие резултати, Lenovo Z5 Pro GT е за 4% побрз од најновиот смартфон на Apple, што дефинитивно не е многу, но е сепак импресивна бројка. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.