x

Ова е вистинскиот проблем со Apple AirPods Pro!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Ноември, 2019 од GSM.mk

Постои една голема и важна причина на која треба да помислите пред да потрошите 250 евра за купување на новите слушалки на Apple...

Се разбира, поради самата цена ќе се подразмислите пред да направите толкава инвестиција, но постои уште еден критичен фактор зашто AirPods Pro не се толку добри како што се претставуваат.

Станува збор за одлуката на Apple да ги дизајнира на тој начин што не е возможно да се промени нивната батерија. Ова е реален проблем бидејќи капацитето на батериите се намалува со тек на време. Пример кај AirPods Pro, по две до три години користење батеријата која траела до пет часа ќе може да издржи само половина до еден час. Една година повеќе и веќе ќе биде речиси невозможно да се користат. На толку едноставен начин, вашите слушалки на кои сте потрошиле 250 евра по само неколку години ќе станат неупотребливи - без ваша вина. 

Останатите безжични слушалки на пазарот, како кај оние на Samsung, може да се промени батеријата со купување на нова од само 20 до 30 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.