x

Ова е жолтиот Galaxy S10e: Ќе ви требаат очила за сонце за овој S10 модел!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Февруари, 2019 од GSM.mk

Покрај различните внатрешни спецификации, една карактеристика со која буџетскиот S10e се разликува од другите два модели е светлите бои во кои ќе биде достапен. Меѓу нив е и впечатливата жолта нијанса, која изгледа вака:

Додека S10 и S10 Plus ќе доаѓаат во "посериозни" бои, како керамичко бела и керамичко црна боја, буџетскиот S10e ќе биде достапен во позабавни нијанси, како жолта, зелена и сина. Бидејќи S10e е директна конкуренција на буџетскиот iPhone XR на Apple, Samsung се одлучи на поинтересен дизајн за овој модел. Покрај изгледот, некои од разликите во однос на S10 и S10 Plus се што буџетската верзија не доаѓа со скенер за отпечатоци под дисплејот и две камери на предната страна. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.