x

Ова се iPhone функциите кои ги посакуваат Android корисниците!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Февруари, 2019 од GSM.mk

Првиот iPhone беше претставен во јуни, 2007 година, а само неколку месеци подоцна се појави неговиот прв директен Android конкурент. И двете платформи нудат одлични уреди, но сепак има некои Apple спецификации кои им недостасуваат на Android корисниците

Оваа недела, на Reddit еден од Android членовите ги праша останатите Android корисници кои спецификации кои ги нуди iPhone би сакале да ги видат кај своите уреди. Еден корисник одговори дека завидува на начинот на кој iPhone лесно се поврзува со останатите Apple уреди, без никаква подготовка.

Според останатите, голем дел од апликациите работат подобро на iOS и побрзо добиваат и почесто добиваат update-ти. Истотака, дел од нив би сакале да добија своја апликација за пораки, слична на iMessage.

Еден Samsung Galaxy S8 корисник изјави дека би сакал да може да го снима екранот со внатрешен звук, како што можат iPhone сопствениците. Mute копчето од страна е истотака одличен додаток на iPhone уредите кои лесно се користи. 

Доколку сте Android корисник, дали има некоја iPhone карактеристика која би сакале да ја видите кај вашиот уред? Од друга страна, истото прашање важи и за iPhone сопствениците. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.