x

Ова се најдобрите Android апликации за 2021

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 01 Декември, 2021 од GSM.mk

Google ја објави листата co најдобри апликации и игри за Android.

Се приближуваме до крајот на 2021 година и дојде време Google да ги објави омилените Android апликации и игри. Објавена е листа со омилени апликации на корисниците на Android.

Google во Best of 2021 спомена голем број апликации и игри, вклучувајќи и некои скриени програми.

Титулата за најдобра апликација ја доби Balance – непозната алатка за медитација. Pokemon Unite е омилената игра за оваа година.

Целосната листа со апликации може да ја погледнете ТУКА.

Oна што е интересно е тоа што корисниците на Android во САД ја изгласаа Paramount+ како најдобра апликација за 2021 година, а најдобра игра Garena Free Fire MAX.


Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.