x

Ова се новите Nokia XR20 и Nokia 6310

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 27 Јули, 2021 од GSM.mk

HDM Global ги претстави новите два смартфони – Nokia XR20 и Nokia 6310.

Nokia XR20 е робусен телефон кој може да поднесе многу повеќе од тоа што ќе замислите. Nokia 6310 е новиот член на семејството Originals.

Новиот Nokia XR20 е отпорен на екстремни температури, може да издржи еден час во вода, па и повеќе. Дизајнот е одличен и безвременски. Екранот има Corning Gorilla Glass Victus- едно од најотпорните стакла кои постојат.

Смартфонот има 48MP+13MP дуал камера со ZEISS оптика, OZO звук и иновативни решенија за фотографијата. Поддржува 5G и 15W безжично полнење.

Најновиот Nokia 6310 е класик кој е измислен за да одговара на денешните корисници. Има батерија која трае со недели и ја има популарната игра Snake.

Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.