x

Ова се новите Samsung Galaxy Watch 4 и Galaxy Watch 4 Classic

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 12 Август, 2021 од GSM.mk

Samsung ги претстави Galaxy Watch 4 и Galaxy Watch 4 Classic.

Samsung Galaxy Watch 4 ќе биде класична спортска верзија и преминува од Tizen на Wear OS верзија на One UI интерфејс. Најважно е дека работи на Wear OS во соработка со Google и Samsung.

Google му гарантираше на Samsung дека ќе работи побрзо, дека ќе има подобри анимации и дека батеријата ќе трае подолго. Сите апликации на Google може да ги користите на новиот модел на Samsung.

Може да го измерите крвниот притисок, како дишете додека спиете, дали `рчите.

Samsung Watch 4 доаѓа во верзии од 40 и 44 мм – 1,39 инчни за помалите и 1,44 инчи за поголемите модели. Екранот е Super AMOLED панел со 450 х 450p резолуција.

Батеријата може да трае и до 40 часа.

Часовниците добија Exynos W920 процесор со 1,5 GB RAM и 16 GB меморија.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.