x

Ова се очекуваните цени на Samsung Galaxy A52 5G и A72!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 26 Јануари, 2021 од GSM.mk

Samsung неодамна го најави својот најевтин 5G уред, А32 5G. Сега, компанијата ќе најави уште два вакви смартфони:

Станува збор за Galaxy A52 5G и А72. 

Цената на A32 5G e 280 евра, а новите моделите ќе бидат малку поскапи од тоа. И двата ќе бидат достапни во 4G и 5G верзии.

А52 4G со 128GB меморија ќе чини 369 евра, а 256GB моделот ќе чини 429 евра. 5G варијантите ќе бидат 449 евра за 128GB и 509 евра за 256GB. Цените на A72 со 5G сеуште не се познати, но 4G 129GB ќе чини 449 евра, а 4G 256GB ќе чини 509 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.