x

Оваа недела пристигнуваат нови Surface таблети!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 10 Јули, 2018 од GSM.mk

На веб-странта Reddit се појавија информации за нови Surface таблети, кои ќе бидат најавени оваа недела..

Според нив, уредите ќе пристигнат на 13 јули. Стандардната верзија од уредот ќе има 10 инчен панел со резолуција од 1800x1200 пиксели. Нискобуџетната верзија ќе доаѓа со 4GB RAM и 64GB меморија, додека премиум варијантата ќе има 8GB RAM и 256GB меморија. Pro верзиите од Surface таблетите ќе пристигнат во октомври, а сеуште не се познати никакви информации за новиот Surface лаптоп.

Последно, покрај дел од спецификациите, се појавија и цените на уредите. Најевтиниот од нив, за кој се очекува најголема побарувачка, ќе чини 399 долари, додека таблетите со помоќните спецификации ќе чинат околу 829 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.