x

Пад на серверите на PlayStation на светско ниво

Категорија: Занимливости Објавено на 29 Април, 2021 од GSM.mk

Серверите на PlayStation синоќа доживеаја крах на светско ниво. Корисниците на PS4 И PS5 не можеа да се регистрираат со својот профил, а со тоа ниту „да покренат игри, аликации, ниту мрежни додатоци“, како што гласеше пораката што ја добиле гејмерите.

Последните податоци говорат дека проблемот е решен.

Некаде овој период од годината, и пред 10 години (во 2011 година), се случи голем прекин на мрежата на PlayStation. Тоа ги блокираше услугите цели 23 дена.

Причината за вчерашниот пад сѐ уште не се знае.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.