x

Паметните очила Huawei X Gentle Monster Eyewear II достапни на македонскиот пазар

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 25 Ноември, 2020 од GSM.mk

Иновативните паметни очила Huawei X Gentle Monster Eyewear II, презентирани заедно со глобалната премиера на Huawei Mate 40 Pro на крајот на октомври, сега се достапни за македонските љубители на авангардната мода споена со висока технологија.

Очилата може да се набават во продажната мрежа на Сетек и Нептун , по цена од 17.999 денари.

Мода, квалитетно стакло и звук

Huawei X Gentle Monster Eyewear II се очила за сонце со високо квалитетни леќи и дизајн, колку што се убави, толку се и ергономски, благодарение на соработката на Huawei со модниот бренд Gentle Monster.

Тенките рамки се изработени од титаниумски полимер за помала густина и помала тежина. Титаниум се користи и во материјалот од кој се направени наборите помеѓу рамките и рамената на очилата, со цел да се обезбеди максимална еластичност. Прецизно пресметаната форма и материјали ги прават соодветни, и визуелно и за носење, за женското и машкото лице.

Освен што се убави, паметните очила Eyewear II се висококвалитетен аудио уред преку кој можете да слушате музика и да примате повици од вашиот телефон. Уредот има поголем, потенок звучник со амплитуда, кој нуди широк опсег на звуци за позадинско звучно искуство од претходната генерација на паметни очила на Huawei и Gentle Monster.

Преносот на висококвалитетен звук од моден додаток како што се очила за сонце, одговара на предизвикот за заштита на личниот простор на корисникот, кој е решен совршено, благодарение на синергијата на двата бренда. Како резултат, Eyewеar II има уникатен акустичен дизајн за да го заштити она што го слушате. Звукот се пренесува директно на увото од насочните звучници во левата и десната рамка, што ефикасно спречува да “излезе” надвор и обезбедува задоволувачко, повеќеслојно стерео искуство. Во исто време, двете рамки имаат и отвор за намалување на насочените звучни бранови генерирани од звучните шуплини, што дополнително помага при проток на звук. Благодарение на адаптивната технологија за јачина на звук, Eyewear II можат автоматски да ја намалат јачината на звукот врз основа на опкружувањето, за корисникот да може јасно да слуша додека не ги вознемирува оние околу него.

Интелигентна интеракција

Eyewear II прават чекор напред во однос на интелигентното искуство. Опремени со голем број напредни сензори, Eyewear II интелигентно препознаваат дали се комплексни или не. На пример, за време на слушање музика, Eyewear II ќе ја паузираат ако сензорите откријат дека корисникот ги отстранил очилата и ќе продолжат ако корисникот ги стави повторно во рок од три минути.

Откако корисникот ќе ги остави Eyewear II на некое време и потоа ги врати назад, на екранот на паметниот телефон ќе се појави прозорец за корисникот да го провери нивото на батеријата на Eyewear II. Со потчукнување на поп-ап прозорецот, можете да видите повеќе детали. Eyewear II ќе ве поздрават со звучна нотификација секој пат кога ќе ги ставите за прв пат во денот.

Моќна батерија за часови исполнети со музика

Очилата можат да пуштаат музика до 5 часа или да примаат говорни повици до 3,5 часа без прекин со само едно полнење. Huawei Eyewear II немаат приклучок за полнење. Ова, како и поврзувањето, се одвиваат преку елегантната и стилска кутија, која ја поддржува новата NFC бесконтактна технологија за брзо полнење. На овој начин, очилата ќе бидат подготвени за употреба во секое време и било каде. Само поврзете ја кутијата за очила со USB-C кабел и ставете ги очилата внатре за веднаш да почнат со полнење.

Eyewear II се веќе достапни во продажната мрежа на Сетек и Нептун , по цена од 17.999 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69