x

Пандемијата ја зголеми побарувачката за видеоигри: Продадени сите конзоли Nintendo Switch

Категорија: Занимливости Објавено на 03 Август, 2020 од GSM.mk

Пандемијата на коронавирусот ги направи видеоигрите уште попопуларни бидејќи милиони луѓе се сè уште во своите домови и бараат занимација.

Поради оваа причина се распродадени залихите на конзолата Nintendo Switch Life.

Конзолата Nintendo Switch Life беше тешко да се набави уште од почетокот на март бидејќи иако се зголеми продажбата, имаа проблеми со доставата.

На почетокот на април конзолата беше достапна во продавниците, но можеше и да се набави преку Amazon, GameStop, Best Buy и Target. Залихите се продадоа за многу кратко време.

Switch Lite чини 200 долари и не може да го приклучите на телевизор бидејќи оваа опција е достапна на поскапиот модел од 300 долари.  


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.