x

Параноја на dark web: Згаснува најголемата продавница Dream Market

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 31 Март, 2019 од GSM.mk

Dream Market, моментално најголемата продавница на dark web, најави дека ќе згасне на 30 април, 2019 година.

Информацијата беше објавена истиот ден кога Европол, ФБИ и ДЕА објавија десетици апсеа поврзани со продажба на дрога на dark web.

Овој тајминг ги вознемири корисниците на Dream Market кои ги зафати параноја и излегоа со теорија дека службите веќе се инфилтрирани на сајтот и прибираат информации за нив.

Нивниот страв се базира на сличен ваков настан од 2017 година кога холандската полиција го презеде Hansa Market и го водеше сајтот со месеци, собирајќи информации и докази против корисниците на порталот.

Тие докази подоцна беа употребени при апсење, но и во истраги за други продавници на dark web.

Со оглед на тоа дека на насловната страница на Dream Market и на страницата за регистрација има информации дека „сѐ се префрла на нов URL“, постои страв дека тоа е само трик за собирање податоци за корисниците.

Веста за гасењето на Dream Market најверојатно не е шок за многу нејзини корисници. Во последно време работеше со технички проблеми, а се најде и во вестите откако беше откриено дека хакер успеал да пристапи до информации на сајтот и ги ставил на продажба тие податоци. Исто така, Dream Market беше изложен на неколку DDoS напади.

Dream Market е последната од четирите фолеми продавници (покрај AphaBay, Hansa Market и RAMP), што доминираа на dark web во изминатата деценија.

Европските власти ја затворија AlphaBay во јуни, 2017 година, а по еден месец и Hansa Market, а руската полиција ја затвори RAMP во септември истата година. Пред нив доминираше Silk Road, во периодот од 2011 до 2013 година), кога беше затворена од американските служби.

Ако Dream Market биде затворен без вакви акции, тоа ќе биде една од ретките продавници на dark web што успеала да се „извлече“ на таков начин.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.