x

PES 2019 би можела да биде најдобрата фудбалска видео игра досега

Категорија: Занимливости Објавено на 04 Јули, 2018 од GSM.mk

Останаа уште помалку од два месеци до официјалната премиера на новата „Pro Evolution Soccer 2019“, а како што се приближува датумот така има сѐ повеќе информации поврзани со играта кои нѐ прават многу возбудени.

Првите снимки од „PES 2019“ покажуваат дека Konami има сосем нов пристап кон правењето на играта и ако може да се суди според неколкуминутните видеа, оваа игра има голем потенцијал да биде најдобриот фудбалски производ во гејминг индустријата.

Konami во последните неколку години беше фокусиран на стекнување со лиценци, но не ја заборави и главната задача – да направи добра видео игра. Новото видео со гејмплеј од новата „PES 2019“ изгледа како најдобрата фудбалска игра во последните десетина години.


Насловната страна на играта ќе ја украси ликот на Филипе Кутињо, додека посебното издание ќе биде издадено со ликот на Дејвид Бекам на насловната страна. Најавената двојка се појавува и во трејлерот. Konami досега претстави голем број од новитетите кои ќе се појават во играта, но остави и неколку како изненадување за кога ќе излезе играта.

Според последните гласини, тие имаат намера да ја откупат и лиценцата од Реал Мадрид, за да можат да ги користат нивниот знак, дресовите и стадионот во играта. Покрај тоа, тие работат на лиценцирање на две дополнителни лиги, со што ќе имаат вкупно девет лиги со лиценца.

„PES 2019“ и понатаму работи на Fox Engine, само што овојпат од него е извлечен максимумот. Причината за тоа е што „PES 2019“ нема да биде достапна за конзоли од постарата генерација. Konami ветува дека во ова издание играчите во играта, како и самите играчи кои ги контролираат нив, ќе имаат многу поголемо ниво на индивидуалност.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.