x

PES остана без УЕФА лиценца

Категорија: Занимливости Објавено на 30 Април, 2018 од GSM.mk

Наместо да дојде до подобрување на состојбата со лиценците во PES серијалот, се случи најлошото - играта остана без лиценца од УЕФА.

Во изминативе 10 години, во сите изданија на Pro Evolution Soccer на Konami имавме можност да ги играме престижните фудбалски турнири - Лигата на шампиони и Лигата Европа. Но, во наредните изданија ова нема да биде возможно, затоа што УЕФА соопшти дека ја прекинува нивната децениска соработка.

„Лиценцата на УЕФА ни пружи широка платформа за креирање на уникатно искуство и им пружи шанса на сите фудбалски фанови од светот да уживаат во ова натпреварување од прва рака. Оваа година, фокусот ќе го насочиме кон други области и ќе продолжиме да истражуваме алтернативни начини преку кои УЕФА и Konami би можеле да продолжат да соработуваат”, соoпшти Konami.

Потегот на УЕФА навистина чуди, затоа што лиценцата на УЕФА е тоа што ја издвојуваше PES од конкурентот Electronic Arts со играта FIFA. Останува да видиме што ќе подготват за PES 2019.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.