x

Петгодишен гејмер ја „убива“ конкуренцијата

Категорија: Забава Објавено на 24 Февруари, 2021 од GSM.mk

Гејмер покажа неверојатни вештини во совладување на играта Valorant и сам победи четворица други играчи.

Можеби сето ова немаше беше толку чудно, ако момчето немаше само пет години.

На интернет кружи видео од момчето како ја игра Valorant, а сите кои го сакаат овој тип на видеоигри знаат колку е тешко еден играч да ги победи сите противници, што го прави неговиот успех уште поголем.


Неговото „гејмерско име“ е Foopa и за свој лик го избра агентот по име Reyna. Судејќи според досега покажаната вештина, тој ги има сите предиспозиции да стане сериозен гејмер во иднина.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.