x

PlayStation 5 добива нов џојстик

Категорија: Забава Објавено на 04 Март, 2021 од GSM.mk

Компанијата Sony почна развој на следната генерација VR систем за PlayStation 5 конзолата, а потпретседателот Хидеаки Нишино откри неколку детали за тоа.

Следниот PlayStation VRE ќе донесе поголема резолуција, пошироко видно поле, подобро следење и давање команди, додека ќе се поврзува со PS5 преку еден кабел.

Покрај тоа во подготовка е и нов VR џојстик кој ќе присвои опции од новиот DualSense безжичен џојстик. Sony истакна дека фокусот ќе биде на одличната ергономија, но не откри повеќе детали. Новиот VR систем нема за излезе за PS5 годинава.

„Научивме многу кога го лансиравме PS VR на PS4, а тоа знаење го користиме да развиеме VR систем за следната генерација“, напиша Нишино на блогот.

PlayStation VR дебитираше пред повеќе од 4 години, а потребен е специјален адаптер за камера за да може да се користи на PS5 конзолата. Sony призна дека нивната виртуелна реалност има уште пат за да биде тоа што е.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.