x

PlayStation 5 станува најбрзо продаваната конзола на Sony досега, надминува 10 милиони единици

Категорија: Занимливости Објавено на 30 Јули, 2021 од GSM.mk

Sony Interactive Entertainment објави напис на својот блог, откривајќи огромна пресвртница - продаде 10 милиони PlayStation 5 конзоли низ целиот свет од лансирањето во ноември, и стана најбрзо продаваната конзола во историјата на компанијата.

Соопштението го објави Вероника Роџерс, виш потпретседател за глобална продажба и деловни операции. Таа посочи дека успехот е постигнат благодарение на „неверојатните иновации“ како што се брзото SSD-диск, извонредниот 3D-звук и динамичниот контролер DualSense.

Компанијата можеше да ја достигне продажната марка уште побрзо, но немаше доволно понуда во првите месеци од нејзината достапност.

PS5 ќе добие уште еден поттик со лансирање на ексклузивни наслови како што се God of War, Gran Turismo 7, Horizon Forbidden West. Постојат и други многу очекувани игри како Far Cry 6 и Battlefield 2042.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.