x

По скандалот, Facebook внимателен со новите апликации

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 30 Март, 2018 од GSM.mk

После скандалот со злоупотреба на лични податоци на околу 50 милиони корисници, Facebook имплементираше нови промени, со кои ќе ја разгледува секоја нова апликација, пред да им одобри приклучување на оваа платформа.

Најпопуларната социјална мрежа на светот, вчера прилично тивко ги објави информациите околу новите промени.

Минатата седмица од Facebook соопштија дека дополнително ќе го ограничат пристапот на програмерите до личните податоци, а од вчера веќе соопштија и дека ќе се разгледува и пристапот за развој на нови апликации.

„За да ја вратиме довербата во Facebook кај луѓето, ќе направиме неколку промени во начинот на функционирање на нашата платформа. Знаеме дека овие промени нема да бидат лесни, но веруваме дека овие ажурирања ќе бидат од помош“, изјави потпретседателот на Facebook.

 Тој додаде дека Facebook во наредните неколку седмици ќе воведе нови промени, односно деталнo ќе ја прегледува секоја нова апликација и ќе ги отстранува оние со било какви сомнителни активности.

За потсетување, Facebook се соочува со голем број на проблеми, откако во јавноста се појавија информациии дека биле злоупотребени личните податоци на околу 50 милиони корисници на оваа социјална мрежа.

Основачот на Facebook, Марк Закерберг, ги призна големите пропусти, кои ја доведоа најпопуларната мрежа под истраги во САД и Велика Британија.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.