x

Победниците на турнирот во Dota 2 освојуваат повеќе пари од победниците на Вимблдон

Категорија: Занимливости Објавено на 07 Октомври, 2019 од GSM.mk

Тимот гејмери наречен OG ја одбрани титулата на шампиони во турнирот The International Dota 2 и доби милионска сума.

OG стана првиот тим кој ја одбрани титулата и заработи 15,6 милиони долари од вкупниот награден фонд кој изнесуваше 34,3 милиони долари. Тоа не само што е највисоката награда во историјата на е-спорт туку е и огромен паричен надомест за секој член на тимот.

Секој член од OG тимот доби околу 3,1 милион долари. Само за споредба, Тајгер Вудс заработи 2,07 милиони долари на Мастерс годинава. Дури и победниците на Вимблдон во сингл заработија помалку од гејмерите. Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп добија по 2,9 милиони долари.

Второпласираната екипа на турнирот Team Liquid освои 4,5 милиони долари или по 892.000 долари по човек, пишува Engadget.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.