
Poco го најави Poco F4 5G веќе неколку дена, а компанијата веќе потврди дека ќе се напојува со Snapdragon 870 SoC и ќе има систем за испуштање топлина LiquidCool 2.0 за постојани перформанси. Денес, Poco објави дека F4 5G ќе доаѓа со 12 GB LPDDR5 RAM и ќе има складирање UFS 3.1.
Redmi K40S беше претставен во март и доаѓа со 6,67" FullHD+ 120Hz AMOLED дисплеј, 20MP селфи камера, странично поставен читач за отпечатоци, стерео звучници и батерија од 4.500 mAh со полнење од 67W.
Не е јасно кога ќе биде лансиран Poco F4 5G, но можете да очекувате Poco да открие повеќе за паметниот телефон во наредните денови.
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.